Пелистер го „демолираше“ Чаир пред европските предизвици

Кошаркарите на Пелистер без поголеми проблеми славеа против Чаир со убедливи 104-74 во второто коло од кошаркарската Суперлига, пред своите европски предизвици.

Во првиот натпревар од втората рунда во Суперлигата, во Битола „пелстерци“ триумфираа благодарение на одлично одиграното второ полувреме. Првото полувреме мина во израмнета игра, притоа и гостите добивајќи го со 47-48.

Но, во вториот дел тотална доминација на Пелистер кој го доби третиот период со 30-13 и тоа веќе беше се околу прашањето на победникот на мечот. До крајот само зголемување на предноста за конечни 104-74.

Малешевиќ беше најдобар поединец кај Пелистер со 23 поени, осум скока и шест асистенции, а Митревски заврши со 15 поени. По 12 поени постигнаа Крстевски и Вилсон. Кај чаирчани се издвои Билингслеј со 27 поени.

По, убедливата победа над Работнички, во првото коло, сега и втор убедлив триумф за „пелистерци“ со што само потврдија дека и сезонава имаат квалитетен ростер за висок пласман во шампионатот.

Се вчитува...