Пелистер го врати и Филип Миленковски

Пелистер денеска го промовираше третото засилување за новата сезона, и третото име е повратник во тимот од Битола. Станува збор за Филип Миленковски кој се враќа во својот матичен клуб. 32-годишниот лев бек доаѓа од таборот на Брегалница, а во минатото играше и за Струга и Силекс.

Претходно Пелистер ги промовираше Благојче Љамчевски и голманот Илче Петровски, исто така повратници во екипата.

„Денес се реализира уште едно прволигашко засилување, тоа е Филип Миленковски кој доаѓа од ФК Брегалница. Миленковски со своето долгогодишно прволигашко искуство многу ќе придонесе за брзо враќање во Првата Лига каде на ФК Пелистер му е местото“, соопштија од ФК Пелистер. 

Се вчитува...