Пелистер стигна до втората суперлигашка победа откако битолчани славеа во поентерската пресметка против актуелниот вицешампион Скопје, со резултат 101-94. Гостинскиот состав одигра една одлична четвртина, онаа првата што скопјани ја добија со 19-26, но „зелено-белите“ најпрвин се вратија во мечот, а потоа во неизвесна завршница и стигнаа до големата победа.
Во финишот се играше супер-ефикасно, Скопје го имаше расположениот Миловановиќ кој постигна три тројки во последните минути, но битолчани беа порасположени во самата завршница. Во моментите кога не погодуваа им функционираше офанзивниот скок, Кочовиќ и Димитриев реализираа во последната минута и му ја донесоа победата на својот тим.
Кочовиќ, кој пред десетина дена пристигна во Битола повторно беше прв стрелец на Пелистер со 31 поен, додека на Скопје не му помогна новото извонредно издание на центарот Паркер кој имаше 25 поени и 11 скокови зад своето име.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
