Пелистер поразен од Арис на контрола во Солун

Кошаркарите на Пелистер загубија со 91-71 во пријателскиот натпревар против Арис кој се одигра во Солун.

Домаќините одлично го стартуваа мечот и во ниту еден момент на нашиот тим не му дозволија да се приближи.

Игор Кесар со 12 поени беше најефикасен во редовите на битолчани, а по 11 постигнаа Чис, Караџовски и Младеновски. На 18. септември Пелистер повторно ќе замине во Солун, на пријателски дуел со ПАОК.

Се вчитува...