Пелистер против Киелце во младинската Лига на Шампиони

Актуелниот првак на Македонија, Е. Пелистер со својот подмладок ќе ја претставува Македонија и во младинската Лига на Шампиони согласно правилата на ЕХФ за ова европско натпреварување.

Европската куќа на ракометот денеска ги објави групите за младинската Лига на Шампиони, при што битолчани се најдоа во групата Д чиј организатор е Динамо Букурешт, а покрај домаќинот тука се уште и Киелце и Висла Плоцк. Веќе е утврден и распоредот за полуфиналето, па така Пелистер ќе излезе на мегдан со Киелце во обид да стигне до место во финалето од својата група.

Согласно пропозициите на ЕХФ, на турнирот што ќе се одржи во Букурешт од 17 до 19 април ќе можат да учествуваат ракометари на возраст до 18 години.

Група 1 (организатор Веспрем):

Полуфинале:

Веспрем – Војводија

ПИК Сегед – Загреб

Група 2 (организатор Барселона):

Полуфинале:

Барселона – Нант

ПСЖ – Спортинг

Група 3 (организатор Фуксе Берлин):

Полуфинале:

Фуксе Берлин – Савехоф

Магдебург – ГОГ Гудме

Група 4 (организатор Динамо Букурешт):

Полуфинале: 

Киелце – Пелистер

Висла Плоцк – Динамо Букурештџ

Се вчитува...