Еурофарм Пелистер во Швајцарија на поправен испит во Лигата на Европа

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер вечерва ќе му гостува на Кадетен Шафхаузен во вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа. „Пелистерци“ во Швајцарија одат само со една мисла, а тоа е поправање на впечатокот од мечот со Ним во првото коло.

Тренерот Жељко Бабиќ верува дека по разочарувачкиот настап во првиот меч и големиот пораз од Ним, неговите ракометари може да триумфираат на гостувањето во Швајцарија.

„Нашиот противник има голема традиција. Тие се силен тим, кој трча многу и игра цврста одбрана. Сигурно дека играме против сериозен противник против кого верувам дека ќе победиме. Одиме во Швајцарија со почит, но тоа е меч на кој можеме да победиме. Немаме многу што да менуваме. Јосип Периќ ќе започне од првата минута. Сè други е горе-долу исто. Мора да одиграме добра одбрана, а ако сакаме победа, мора да бидеме далеку попрецизни во напад“, вели Бабиќ.

Слично размислува и крилото на битолчани, хрватскиот интернационалец Јосип Божиќ Павлетиќ…

„Сигурно дека ќе биде нов тежок натпревар. Очекувавме подобра игра пред навивачите на првиот меч. Сигурно и тие ќе бркаат бодови како и ние. Ние одиме да дадеме сè од себе и ако има прилика да освоиме бодови. Кадетен е најсилен на бековските позиции. Гледавме натпревари изминатите неколку дена. Нашата одбрана мора да биде на ниво против средниот бек. Мора да даваме и лесни голови. Ако одиграме како што се договоривме, мислам дека нашите шанси се добри“, изјави Божиќ Павлетиќ. 

Натпреварот меѓу Шафхаузен и Пелистер кој е закажан за утре е со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...