Пелистер се мачеше, но го победи Бутел

Се мачеше битолски Пелистер но успеа да слави против Бутел во второто коло од Суперлигата во ракомет. На мечот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, по израмнетиот прв дел, пелистерци на крајот славеа со 30-28 (13-13).

Израмнето беше се до 19-19 на денешниот натпревар кога домаќинот ја презеде иницијативата па стигна до предност и од 26-22 во 50. минута, што веќе ја навести победата. Во финишот низ нервозна игра на двете страни Пелистер, сепак, рутински успеа да приведе до 30-28.

Најефикасни во домашната екипа беа Станојевиќ со осум и Поповиќ со шест погодоци, а кај Бутел се издвоија Григориев и Мајиќ со по шест погодоци.

Се вчитува...