Пелистер со победа над ТФТ ја почна новата сезона во Суперлигата

Кошаркарите на Пелистер стигнаа до првата победа сезона во домашниот шампионат откако славеа на домашен терен против ТФТ со 78-70 во натпревар од првото коло од новата сезона во Суперлигата.

Битолчани ја добија првата четвртина, ТФТ ја доби втората па на пауза се замина со минимална предност на домаќинот 38-37. Во вториот дел пелистерци беа за нијанса подобар противник што беше доволно за конечен триумф од 78-70.

Сапунџиев и Вилсон со по 14 поени беа први поентери во таборот на победникот, додека кај поразените Тома Стојаноски заврши со девет поени.

 

Се вчитува...