Пелистер убедлив против Бутел

Еурофарм Пелистер продолжува со одличните резултати во контролниот период. Избраниците на Жељко Бабиќ го совладаа Бутел со убедливи 36-23.

Уште од стартот на мечот битолчани ја наметнаа сопствената игра и на полувреме заминаа со предност од шест гола разлика 16-10. Во вториот дел Пелистер само ја зголемуваше предноста за конечни 36-23. Бутел следната недела го очекува мечот од првото коло во Лигата на Европа против унгарскиот Ѓунѓеш.

Се вчитува...