Пелистер убедлив против Чаир 2030 пред патувањето во Сараево

Пелистер стигна до петтата победа во Првата кошаркарска лига откако во 6. коло славеше на домашен терен против Чаир 2030 со 91-70. Новлијата беше достоен противник во првото полувреме, но немаше сили против вицешампионот во вторите 20. минути.

Пелистер одлично го започна натпреварот и веќе по две и пол минути поведе со 7-2, но новалијата не дозволи битолчани рано да стигнат до двоцифрена предност. Михајлоски и Банч се разиграа, а со шестте поени на Американецот во низа Чаир 2030 го превзема и водството (11-12). Изедначената игра продолжи до крајот на првата четвртина за егал од 23-23. Во втората четвртина акцентот беше ставен на одбраната, а во неефикасните десет минути подобро се снајдоа „зелено-белите“ за 38-33.

Пелистер ги превзема работите во свои раце уште на отварањето на второто полувреме во кое високата реализација од 84 отсто проследена со добра одбрана на високите противнички играчи која дозволи само три поени за речиси пет минути, успеа да направи висока предност за +20 (70-50).  Последните десет минути беа само формалност во која шанса добија и младите играчи на двата тима.

Со 24 поени и 6 скока Хаџифејзовиќ повторно беше лидер на Пелистер. Него го следеше Караџовски со 15 поени, а по 11 забележаа Сапунџиев и Карутерс. Мохамед го предводеше Чаир 2030 со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока, додека Банч додаде 11 поени и 6 скока.

Ова беше последен натпревар за Пелистер пред новиот предизвик во АБА2 лигата и „балонот“ во Сараево каде „зелено-белите“ силите ќе ги одмерат со Широки, Осијек и Горица. Чаир 2030 пак излез со серијата на три порази едно по друго ќе ја бара против МЗТ Скопје.

Се вчитува...