Пелистер во хаос: Пред исфрлање од Првата лига!?

Наспроти одличната пролетна сезона низ која се избори опстанокот во елитата а по кој се очекуваше конечна вистинска стабилизација на клубот, Пелистер ова лето е во повеќе од незавидна ситуација.

Битолчани се уште се под неизвесна судбина поради неможноста за продажба на акциите на клубот на заинтересиран странски инвеститор. Целокупната неизвесна ситуација принуди поголем дел од фудбалерите да си заминат од клубот кој сега се соочува и со неможноста да регистрира соодвете број професионалци, согласно прописите на ФФМ.

Пелистер, сега има рок од Фудбалската федерација на Македонија до 15. јули да регистрира 12 професионални фудбалери како би добил лиценца за настап во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2021/2022. Според последните информации, во моментов, Пелистер има само пет фудбалери со професионален договор а нема на повидок нови кои би ја пополниле неопходната бројка согласно прописите на Фудбалската федерација на Македонија. Доколку до четврток не бидат регистрирани најмалку 12 професионални фудбалери на Пелистер му се заканува и исфрлање од Првата лига.

Се вчитува...