Ракометарите на Пелистер доживеаја убедлив пораз од Винтерур 21-33 и во реванш на домашен терен во ЕХФ купот. По минато неделниот дебакл на гостувањето од 39-16, јасно беше дека битолскиот клуб нема никакви шанси за пласман во следната фаза.
Швајцарските ракометари повторно го контролираа натпреварот, а уште во првото полувреме го одлучија победникот добивајќи го со плус седум (12-19). Во вториот дел тие рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечна победа од 21-33.
Васко Димитровски со седум гола беше најефикасен во таборот на македонскиот суперлигаш, додека кај победниците Радовановиќ со 8 гола, а Пекаро постигна 6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА