Ракометарките на ЖРК Пелистер сосема очекувано се елиминирани во осминафиналето од Челинџ-купот откако го загубија и вториот натпревар против Наиса со убедливи 34-24 (17-12).
Македонскиот претставник претходно донесе одлука двата меча да ги игра на гостински терен во Ниш. Вчера, во првиот натпревар загубија со 26-33, по што беше сосема јасно дека ќе биде повеќе од тешко да се стигне до евентуално изненадување на денешниот реванш дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА