Ракометарките на Пелистер го дознаа името на противникот во рамките од Челинџ-купот. Станува збор за српскиот прволигаш Зајечар, противник што не е несовладлив, но во секој случај е еден од најтешките на кои битолскиот клуб можеше да налета во оваа фаза од натпреварувањето.
Предвидено е првиот меч да се игра во Србија, а вториот во Битола, но не се исклучува можноста клубовите да се договорат за двете средби да се играат на ист терен.
„Пелистерки“ минатата сезона стигнаа до осминафиналето во Челинџ-купот, каде беа елиминирани од српскиот претставник Наиса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА