„Пелистерки“ потклекнаа во второто полувреме во Ниш

Ракометарките на ЖРК Пелистер се наоѓаат на работ на елиминација од Челинџ-купот откако го загубија првиот осмифинален натпревар против Наиса со убедливи 26-33. Македонскиот претставник претходно донесе одлука двата меча да ги игра на гостински терен во Ниш, но за жал по денешниот пораз е речиси сигурно дека Наиса е тимот што ќе го продолжи настапот во Челинџ-купот.

„Пелистерки“ одлично парираа во првото полувреме, во кое не дозволиија српскиот тим да се одлепи посериозно, па на одмор се замина со само еден гол предност на Наиса (13-12). Сепак, како што одминуваше времето, така негативата на македонскиот претставник растеше, за на крајот ЖРК Пелистер да го загуби овој меч со седум гола разлика.

Чокели и Јанкуловска со по шест гола беа најефикасни во редовите на ЖРК Пелистер. Вториот натпревар од овој двомеч ќе се игра утре, исто така во Ниш.

Се вчитува...