„Пелистерци“ по тешка битка го совладаа Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по тешка битка стигнаа до триумф на контролниот натпревар против Охрид (21-19). Цврстата одбрана беше главна одлика на двата тима на овој натпревар, а одлично издание имаше домашниот голман Чаневски, кој собра дури 15 успешни интервенции.

Првото полувреме мина во израмнета игра на двете страни, а битолчани заминаа на одмор со минимална предност од 11-10. Во вториот дел Охрид успеа да го сврти резултатот во своја полза, но потоа следеше период од над 10 минути во кои избраниците на Раде Стојановиќ не постигнаа ниту еден погодок, за нов пресврт и конечен триумф на Пелистер.

Стјепановиќ со пет гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, по три постигнаа Костески, Периќ и Мандалиниќ, додека прв стрелец на Охрид при денешниот пораз беше Тот со шест погодоци.

Се вчитува...