Пенал драмата во Нижњи за Хрватска… „Коцкестите“ се во четвртфинале!

Хрватска е во четвртфиналето на Мундијалот 2018 во Русија откако ја доби пенал-драмата во Нижњи Новгород против Данска со 3-2. Иван Ракитиќ, Лука Модриќ и Крамариќ погодија за Хрватска во пенал серијата, а Субашиќ одбрани три пенали на Данците.

Претходно во регуларниот дел и по двете продолженија мечот заврши со по еден гол на двете страни, и тоа постигнати во првите четири минути од натпреварот. Данска поведе со најбрзиот погодок на Мундијалот 2018 преку Јоргенсен уште во 1. минута од средбата….

Но, „коцкестите“ не чекаа долго на израмнувањето. Веќе во 4. минута израмни Марио Манџукиќ…

И, тоа беше главно се од мечот… Само први четири минути ужување. Се понатака главно мачење, за конечни 1-1 по регуларниот дел и патоказ кон продолженија…

A, во продолжението Модриќ можеше да биде херојот на Хрватска, откако доби пенал во 116. минута. Соборен во шеснаесетникот на Данска беше Ребиќ, но Шмајхел го одбрани ударот од белата точка на Модриќ.

Па во пенал-рулетот на крајот поуспешни, сепак, Хрватите кои славеа со конечни 3-2, за четвртфинале против Русија.

Се вчитува...