Пенал-херојот Крул го „прочита“ Тотенхем од шишето за вода (ФОТО)

Тим Крул беше херојот на Норвич во пенал-рулетот против Тотенхем, во кој „канаринците“ излегоа како победници и се пласираа во четвртфиналето од ФА Купот на Англија.

Холандскиот голман ја погоди страната на четирите пенали упатени кон него, бранејќи ги ударите на Перот и на Фернандез, а по мечот Крул обелодени дека во пенал-рулетот имал помош од шишето од кое пиел вода. Имено, на него биле залепени ливчиња за омилените страни на кои шутираат фудбалерите на Тотенхем, совети што дефинитивно му помогнаа на Крул.

За потсетување, Крул беше пенал-мајстор и на СП 2014, кога Луј ван Гал го уфрли во игра во самиот финиш како „џокер“ за „рулетот“ против Костарика. Ова се покажа како вистински потег, голманот одбрани два удари од белата точка и ги одведе „лалињата“ во следната фаза.

Се вчитува...