Пеп добива „џек-пот“ за елиминацијата во Лигата на шампионите

Пеп Гвардиола уште една сезона остана без титулата во Лигата на шампионите, иако и годинава уште еднаш доби големи засилувања на почетокот на сезоната. Во трилер натпревар тој беше елиминиран од Реал Мадрид.

Пеп Гвардиола од богатите сосптвеници на „граѓаните“ како „утеха“ за поразот ќе добие две спектакуларни засилувања следното лето, а на „Итихад“ се очекува да пристигнат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Френки де Јонг од Барселона.

„Граѓаните“ од 2011 година на засилувања потрошија неверојатни 940 милиони евра. На Гвардиола му останува уште една година од актуелниот договор со шампионот на Англија.

Се вчитува...