Пеп казнил двајца фудбалери поради ноќно излегување

Во победата над Њукасл од 0-4, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изненадувачки ги остави на клупата Фил Фоден и Џек Грилиш цел натпревар, и не им даде шанса, иако двајцата се стандардни во тимот на „граѓаните“. После натпреварот Гвардиола објасни зошто не им даде шанса на поедини играчи.

„Се одлучив за овој тим затоа што токму тие заслужуваат да играат. Токму овие момци, и ниту едни други. Во време на божиќните празници доста внимавам како играчите се однесуваат и на терен и надвод од него. Кога однесувањето надвор од теренот на некои не е како треба, тогаш нема ниту да играат“, рече Гвардиола.

„Мораме да бидеме фокусирани затоа што во овој период поради Божиќ сите малку се опшутаат и се случуваат некои несакани работи, и поради тоа на играчите секогаш им повторувам дека мораат да останат фокусирани и да внимаваат што прават и надвор од теренот“, рече Гвардиола.

Англиските медиуми веднаш открија што се случувало со Фоден и со Грилиш. Како што објавува „Би-Би-Си“, овие двајца играчи се одлучиле малку да се опуштат после победата над Лидс, и се фотографирани во тек на ноќно излегување, што го збеснало Гвардиола, и се одлучил да не им даде шанса на дуелот со Њукасл.

Се вчитува...