Пеп го „ругаше“ Карагер, а потоа доби брутален одговор

Деновиве во Премиерлигата во „мала војна“ влегоа Пеп Гвардиола, и легендата на Ливерпул Џејми Карагер. Се почна после третото последователно реми на Сити против Тотенхем 3-3.

Тогаш аналитичарите на Скај, Карагер, Невил и Ричардс констатираа дека Сити не е толку доминантен како претходните сезони, и дека тешко ќе дојде до четвртата титула по ред.

Во вторникот на прес-конференција Гвардиола одговори дека Сити повторно ќе дојде до титулата.

„Па, тие знаат колку е тешко. Невозможно, затоа што никогаш претходно не се случило некој четири пати по ред да ја освои титулата. Невил тоа не успеа ниту кога играше за најсилниот Манчестер Јунајтед. Мика Ричардс во Сити освои титула, но сигурно не четири пати по ред. И потоа Џејми Карагер… Коментира за нас, а во долгиот стаж со Ливерпул не успеа да биде шампион на Англија“, рече Гвардиола.

Прилично жесток коментар му даде Карагер, одговор кој сигурно Пеп ќе го памети.

„Мислам дека би имал барем една шампионска титула да е Ливерпул во сопственост на држава, практично да работеше така што Премиерлигата против нас би покренала 115 пријави. Само да додадам: јас на натпреварот со Тотенхем го фалев Пепе“, напиша Карагер, и со тоа предизвика лавина на коментари.

Се вчитува...