Пеп Гвардиола е расположен за нов договор со Манчестер Сити, фановите негодуваат за резултатите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е „отворен“ за идејата за нов договор со клубот. 48-годишниот Шпанец беше именуван во 2016 година, а минатата година потпиша продолжување на соработката до 2021 година. Засега немало преговори меѓу двете страни за ова прашање. Сепак, последните резултати и негативата во однос на лидерот Ливерпул создаваат незадоволство кај фановите на клубот.

„Се чувствувам многу удобно во овој клуб. Ќе видиме што ќе се случува оваа и следната сезона. Кога сте некаде пет години, се зависи од резултатите. Секако ништо не е едноставно. Не е доволно само да сакам да продолжам. Треба да го видам клубот, треба да го видам играчите“ – вели Гвардиола.

Пеп Гвардиола беше на клупата на Барселона пет сезони и освои титула во Ла Лига трипати и двапати славеше во Лигата на шампионите. Потоа три сезони мина во Баерн Минхен каде во секоја ја освојуваше шампионската титула во Бундес-лигата. Потоа го презеде Манчестер Сити.

 

 

 

Се вчитува...