Пеп Гвардиола ги откри своите планови за иднината во Манчестер Сити

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја откри својата иднина, изјавувајќи дека ќе остане до крајот на актуелниот договор, кој е до 2025 година.

Гвардиола после седум години, конечно ја освои титулата во Лигата на шампионите, и кажа дека нема намера да си замине пред договорот кој е уште две години.

Шпанецот во ноември потпиша нов договор со „Граѓаните“ кои му веруваат во неговата работа. Ако го одработи актуелниот договор, тоа ќе значи дека ќе остане на „Етихад“ девет години.

Пеп со Сити сега ќе тргне по трофеите од Супер-Купот на Европа и светското клупско првенство, со што ќе стане првиот тренер во историјата на клубот кој ги освоил сите можни трофеи.

Се вчитува...