Пеп Гвардиола: Кој можеше да помисли дека Саудијците вака ќе го променат светскиот фудбал?

Пеп Гвардиола освои се што можеше да се освои со Манчестер Сити, а по ланската европска круна се очекуваше „граѓаните“ со неколку засилувања да направат уште помоќен тим.

Тоа не се случува, најпрвин си замина Гундоган, а удар плус за Гвардиола беше барањето за трансфер на Ријад Марез, кој кариерата ја продолжи во тимот на Ал Ахли во Саудиска Арабија. Каталонскиот стратег не крие дека е шокиран од случувањата на пазарот, пред се поради пребогатите понуди од клубовите од Саудиска Арабија кои предизвикаа потрес на пазарот.

„Кој можеше да помисли дека Саудијците вака ќе го променат светскиот фудбал… дефинитивно, оваа лига го промени пазарот. Пред само неколку месеци Роналдо отиде таму, но тогаш никој не помислуваше дека толку голем број на врвни играчи ќе заминат во Саудиска Арабија. Јас не ни помислував дека ќе останам без Ријад Марез, но тој доби навистина неверојатна понуда и не можевме да го запреме, беше решен да си замине… Лигата во Саудиска Арабија ќе биде многу квалитетна, тоа е веќе нова реалност. Засега им успева да состават нешто за многу кратко време, не знам колку е сето тоа одржливо, времето ќе покаже“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...