Пеп Гвардиола по истекот на договорот заминува од Европа?

Според пишувањата на англиските медиуми, тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола, ги одработува своите последни година и пол во таборот на тимот од Етихад.

Како што се шпекулира, по завршуваето на договорот на Гвардиола, кој е до 2023 година, тој би можел да го напушти Етихад, но и Европа. Пеп се поврзува со клупата на Њујорк Сити, кој има ист сопственик како и Манчестер Сити.

Во 2016 година Пеп дојде на кормилото на Сити, тим кој го однесе до финале во Лигата на шампионите, а освои три титули првак на Англија, еден ФА Куп, четири трофеи во Лига Купот, и два пати „Комјунити Шилд“. Тимот и оваа година се бори за титулата во Англија.

Се вчитува...