Пеп Гвардиола се откажа од еден од најдобрите бекови на светот

Жоао Кансeло ова лето повторно ќе ја промени средината откако опцијата за враќање во Манчeстер Сити и дефинитно повеќе не постои. Португалскиот репрезентативец не е во плановите на Пеп Гвардиола за следната сезона и тој ќе биде продаден.

А, тоа нема да биде ниту во редовите на Баерн Минхен каде ја помина полусезоната како позајмен играч. Германскиот шампион имаше опција да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра, но тоа нема да се случи по големите промени кои следат во редовите на баварците.

Најзаинтересиран клуб за услугите на 29-годишникот е Барселона, но трансферот на „Камп Ноу“ не важи само од интересот на каталонците, туку и од финансискиот фер-плеј со кој тимот се мачи веќе подолго време.

Се вчитува...