Пеп Гвардиола се враќа на „Етихад“ во најтешките денови за Манчестер сити

Поранешниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, донесе одлука да се врати на стадионот „Етихад“ за првпат по неговото заминување од клубот. Трофејниот стратег планира во живо да го следи претстојниот натпревар од Лигата на шампионите во кој англискиот првак се соочува со францускиот гигант ПСЖ.

Враќањето на Гвардиола, кој испиша историја со Сити освојувајќи 20 пехари вклучувајќи шест титули во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите доаѓа во исклучително бурен и тежок период за клубот.

„Граѓаните“ во моментов минуваат низ веројатно најголемата криза во својата понова историја, откако независната комисија ги прогласи за виновни за дури 114 од вкупно 115 обвинувања за кршење на финансиските правила на Премиерлигата во периодот од 2009 до 2018 година. Според извештаите, клубот се товари дека лажно ги зголемил своите приходи за неверојатни 830 милиони фунти преку фиктивни спонзорски договори.

Се вчитува...