Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во неделата во Париз го гледаше дербито во француското првенство меѓу ПСЖ и Монако (1-1), а друштво на трибините му правеше атрактивната Русинка, Викторија Лопирева. Шпанскиот тренер „го снимал“ Монако, противникот со кој Манчестер сити во февруари ќе игра во осминафиналето од Лигата на шампионите. Но, неговото присуство не предизвика толку внимание на стадионот во Париз додека не се појави заедничката фотографија со атрактивната Русинка.
Лопирева е амбасадорка на светското првенство што ќе се одржи следната година во Русија и често се појавува во фудбалските кругови. За 33-годишната Русинка која беше Мис на Русија за 2003, фудбалот не е непознаница. Пред извесно време таа беше во врска со рускиот фудбалер Фјодор Смолов.
Иако фотографијата од Париз покрена лавина шпекулации по социјалните мрежи, Лопирева и Гвардиола не се во никаква врска, туку случајно се погодило да седат на трибините еден до друг. Русинката тоа го искористила да направи селфи и го објавила на својот Инстаграм профил и заедно со шпанскиот тренер брзо се најде во центарот на вниманието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА