Пеп Гвардиола – втор најтрофеен тренер во историјата

Манчестер Сити ја одбрани титулата во лига-купот на Англија, а Пеп Гвардиола додаде уште еден трофеј во својата богата колекција како тренер, вкупно 29 што каталонскиот стратег ги има освоено по завршувањето на играчката кариера.

Со оваа бројка, Гвардиола се израмни со Валери Лобановски како втор најтрофеен стратег во фудбалската историја, со таа разлика што легендарниот Украинец работеше повеќе од четири децении за 29 пехари, додека Гвардиола ги собра за само 12 години тренерска кариера. Тој има 14 пехари со Барселона, седум како тренер на Баерн Минхен, а денешниот трофеј од лига-купот му беше вкупно осми како предводник на Манчестер Сити.

Далеку на врвот на оваа ранг-листа се наоѓа легендарниот Сер Алекс Фергусон, кој освои вкупно 49 пехари на чело на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...