Пеп: Халанд нема да ги реши сите проблеми на Сити

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола коментирајќи ја победата над Вест Хем, и одличното деби на Ерлинг Халанд, рече дека нема да дозволи неговиот тим да се потпре само на норвешкиот голгетер.

Гвардиола е задоволен од победата и од настапот на Халанд, но напомена дека нема да ги реши сите проблеми, иако многумина сметаат дека тој е играчот кој му недостасува на Сити да дојде до трофејот во Лигата на шампионите.

„Целиот тим одигра одлично, а тоа што Ерлинг постигна два гола е добро за нас и за него. Претставува закана за другите тимови, но нема да ги реши сите наши проблеми. Ќе му даде нешто на нашиот тим, но ќе погрешиме ако се потпреме само на него. Среќен сум за него, и се надевам дека ќе продолжи во ист стил“, рече Гвардиола.

Шпанскиот тренер посакува Халанд што подолго да биде дел од Сити…

„Тој потпиша договор на пет години, но се надевам дека ќе игра подолго. Може да биде корисен, а ние ќе му помогнеме да се развие, да го направиме посилен играч“, рече Пеп.

Се вчитува...