Пеп како сведок на судењето на свој играч: „Не знам што прават играчите кога не се на тренинг“

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше еден од сведоците за случајот против неговиот играч Бенџамин Менди кому му се суди за силување на жени повеќе пати во својата вила. Шпанскиот стратег во суд сведочеше како тренер на Менди, и човек кој го донесе во Англија.

Тренерот на англискиот првак во текот на исказот, го нарече Менди добар човек, но додаде дека не знае многу за неговиот приватен живот.

„Јас ги контролирам играчите само на тренинг. Не сум им јас татко па да знам што прават кога не се со мене. Не ги следам на социјалните мрежи, немам поим со што се занимаваат кога не се на тренинг. Но, да не беше нешто како што треба на тренинг, тоа би го приметул“, рече Гвардиола и додаде:

„Менди е добро момче. Среќен човек, и се сеќавам кога и да му требаше некоја услуга, прв ќе му помогнев. Брзо се прилагоди во екипата. Ме бараше денеска да дојдам тука со вас и да сведочам, затоа и седам пред вас“, рече Пеп во судот.

Се вчитува...