Пеп: Ова е сезона на чудни резултати…

Фудбалерите на Манчестер сити се враќаат во победничка форма по незадоволителниот почеток на сезоната, и со триумфот од 2-0 против Њукасл им се придружија на водечките тимови од табелата во Премиерлигата. Сити се доближи на само два бода од градскиот ривал Јунајтед, кој го зазема четвртото место.

„Го покажавме победничкиот ритам што го баравме и ни требаше. Нашата игра беше одлична, но за жал не успеавме да постигнеме многу голови. Сепак, ова е добар резултат и задоволни сме од фактот што освоивме три бода. Не можеме да размислуваме многу, играме натпревари на секои три дена. Играчите се посветени и концентрирани. Минатата недела бевме десетти на табелата во Премиерлигата – сезоната има свои пoдеми и падови. Чудни резултати се случуваат за сите екипи, во текот на оваа сезона ќе мора да бидеме смирени и да прифатиме дека ќе има добри и лоши моменти“, вели Пеп Гвардиола.

Во следното коло, Манчестер сити ќе игра против Евертон на „Гудисон Парк“, утревечер со почеток од 21 часот.

Се вчитува...