Новиот документарец „Прекрасна опсесија“ открива претходно непознати детали за кризата во соблекувалната на Манчестер Сити, вклучувајќи го и драматичниот говор на Пеп Гвардиола во кој тој остро ги критикуваше играчите и навести за можноста за негова оставка.
Документарецот дава увид во последните две години на каталонскиот тренер во клубот и вклучува снимки од ноември 2025 година, создадени веднаш по поразот од Баер Леверкузен од 0-2 во Лигата на шампионите.
Експлозивен говор
По натпреварот, Гвардиола не го криел својот гнев во соблекувалната. Тој им се развика на играчите:
„Луѓе, ова е штета, доста ми е од сè! Сите мора да имате менталитет да докажете дека сте најдобри, докажете му на овој неуспешен тренер дека сте подобри од останатите. Секогаш се натпреварувате едни со други, а каде беше таа конкуренција денес?“ – за потоа да додаде:
„Тажен сум и разочаран од себе за глупавите работи што се обидов да ги направам за да се чувствувате безбедно, сигурно и самоуверено. Се чувствувам како будала.“
Закана за отпуштање
Гвардиола отворено спомена лични жртви во својот говор.
„Доаѓам тука во осум часот наутро, момци. Поминав часови обидувајќи се да ги допрам вашите срца, а кога не успевам, се чувствувам длабоко фрустриран. Не возвраќате. Знаете што ќе се случи? Ќе најдете друг тренер.“
Неговиот тон стана уште поостар, на што се вели во документарецот дека играчите не биле навикнати.
„Ако видам едно тажно лице на крајот од сезоната, ќе ве убијам. Ако ве видам како се спротивставувате на моите одлуки, ќе ве убијам. По ѓаволите, работете понапорно, работете подобро, живејте подобро.“
Развод и осаменост
Документарецот покажува дека проблемот не бил чисто тактички по природа. Гвардиола директно го поврза недостатокот на посветеност и храброст кај играчите со неговата тешка семејна ситуација.
„Може да загубиме и јас секогаш ве бранам и кога е така, но овој недостаток на храброст, страст, љубов и желба за победа е неприфатлив“, рече тој и продолжи:
„Поминувам низ развод, моето семејство е запоставено од мене поради сите вас, а што добивам за возврат? Оваа срамна игра. Ова е срам, луѓе.“
Тој го заврши својот говор велејќи:
„Проклетство, доста ми е. Кога гледам ваква игра, се чувствувам исцрпено и празно. Сакам да дадам отказ од оваа работа, се чувствувам осамено. Кога играте вака, се чувствувам целосно сам. Нема да ме видите утре.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
