Пеп не сака да го види: Лапорт е слободен да си оди од Сити, но само за 60 милиони фунти

Ајмерик Лапорт е последен во листата на стопери кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Во првата постава сигурно место имаат Џон Стоунс и Рубен Дијаш, а нивна замена е Нејтан Аке.

Шпанскиот репрезентативец нема да има голема минутажа во новата сезона. Манчестер сити без проблем ќе се раздели со дефанзивецот, но само ако некој клуб понуди 60 милиони фунти обештетување.

Интересно е тоа што Лапорт изминатово лето играше за Шпанија на Европското првенство иако е роден во Франција. Тој го смени државјанството што предизвика бура од реакции во француската јавност.

Се вчитува...