Пеп не се грижи за поразот: Бевме добри, ова беше само прв натпревар во ПЛ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим одигра добар натпревар, иако беше поразен од Тотенхем на почетокот на Премиер лигата, и дека ќе станат подобри како што одминува сезоната.

Шампионот на Англија изгуби во Лондон со резултат 1-0 во дербито на првото коло.

„Добро го започнавме натпреварот. Потоа, имавме проблеми со некои транзиции и примивме гол како резултат на загубената топка. Генерално, мојот тим покажа многу повеќе, но за жал недоволно за реализација на голови и затоа го игубивме натпреварот. Не сметајќи го тој примен гол, мислам дека одигравме доста добро“, вели Пеп.

„Граѓаните“ ја започнаа сезоната со два порази. Тие претходно загубија од Лестер во Комјунити Шилд. Шпанецот, сепак, не е загрижен.

„Пред само два дена, сите заедно трениравме. Знам дека на играчите им треба малку време за да се вратат во ритам. Ова е само една недела по ред, тоа е само почеток. Имаме уште 37 натпревари во лигата. Ќе се обидеме да поправиме некои работи и да бидеме најдобри што можеме“, вели Гвардиола.

Се вчитува...