Манчестер Сити нема да ангажира замена за Феран Торес, кој замина во Барселона за повеќе од 55 милиони евра. Според најавите, клубот ќе се потпира на младите играчи.
19-годишниот Кол Палмер, кој е дел од младинската екипа, би можел да биде прекомандуван во сениорите и да биде форсиран од страна на Сити.
Барселона и Торес потпишаа договор до 2027 година. Пеп му дозволи на Шпанецот да се пресели во Барса по негово барање. Покрај 55 милиони евра, „граѓаните“ може да добијат и дополнителни 10 милиони евра како бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА