Пеп: Ние им бараме квалитет, тие ни даваат квантитет… па продолжете ја годината на 400 дена

Манчестер Сити беше од дванаесетте тима креатори на Суперлигата, но по само два дена „граѓаните“ ја напуштија идејата и повторно ги свртеа погледите на Лигата на Шампионите која по 2024 година нема да остане во претпознатлвиот формат и ќе добие проширување.

На оваа тема денеска говореше и тренерот на составот од Манчестер, Пеп Гавардиола кој јавно го изрази незадоволството за поголемиот број на натпревари во една сезона.

„Секогаш истото. Играчите и тренерите сакаат квалитет, а они бираат квантитет. Мораме да ги прашаме УЕФА и ФИФА да ја продолжат годината на 400 дена, тогаш ќе можеме да го стигнеме ова лудило. Не прашуваат нас за мислење, ние одговараме и ништо не се случува. Ако одлучат да бидат 10 натпревари, ќе бидат 10 натпревари. Ова е работа и не можеме да ја одречеме. Клубовите и навивачите ги сакаат најдобрите играчи, а за тоа се потребни инвестиции“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...