Пеп објасни зошто не направи ниту една замена против Јунајтед: Противникот има играчи кои можеа да го свртат мечот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри зошто не употреби ниту една замена на дуелот со градскиот ривал Јунајтед. Шпанецот се реши да не ја користи клупата, и оние кои го почнаа мечот, тие и го завршија. За разлика од неговиот колега Солскјер, кој направи четири, но залудно.

Гвардиола објасни зошто не „посегнал“ по клупата.

„Кога играте со таков тим со играчи како Рашфорд, Бруно, Роналдо, може многу брзо да се смени натпреварот. Ние го контролиравме мечот, имавме иницијатива, ја држевме средината и сакаме тоа да го задржиме“, изјави менаџерот на Сити.

Се вчитува...