Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, има големо мислење за сегашниот капитен на својот тим, Бернардо Силва.
По јубилејниот 1.000 натпревар во неговата тренерска кариера, тој зборуваше со пофалби за бројни играчи со кои соработувал во претходните години, но особено го пофали одличниот Португалец.
„Бернардо Силва е вистински фудбалски мајстор. Темпо, освојување на топката, забрзување и забавување, интуиција за гледање на просторот и како да се управува во дадена ситуација, тој поседува сè. Слободно можам да кажам дека тој е еден од најпаметните играчи што сум ги сретнал“, рече Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

