Пеп потврди за Хрватот: Гвардиол, какво прекрасно презиме!

Јошко Гвардиол е нов фудбалер на Манчестер Сити. Тој во моментов е во Манчестер, каде што ги минува лекарските прегледи, и наскоро ќе потпише договор со „граѓаните“, и ќе стане најскапиот одбранбен играч на светот.

Овој трансфер го потврдија и од Сити, каде истакнаа дека ги прави медицинските тестови, и дека во следните часови/денови ќе биде комплетиран трансферот.

Тој ќе го надмине трансферот на Хари Мегваер. Неговиот трансфер ќе чини 90 милиони евра.

„Гвардиол, какво прекрасно презиме. Тој е на медицински тестови. Сите знаат дека е тука, и ќе можеме да го завршиме трансферот во следните часови/денови“, рече Гвардиола.

Се вчитува...