Пеп за пеколната недела: Челси, ПСЖ па Ливерпул – исто е, мораме да бидеме фокусирани

Пред тимот на Манчестер Сити е пеколна недела која „граѓаните“ ја започнуваат со дуел против Челси во Премиерлигата, а веќе во вторник ги очекува натпревар против ПСЖ за истата да биде комплетирана со меч против Ливерпул, повторно на домашно тло.

Во пресрет на тешките натпревари тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека натпреварите се уште една прилика за неговиот тим да учи, да напредува и да биде подобар.

„Се подготвуваме за натпреварот против Челси како и за секој друг. Пробуваме да видиме каде сме ние, а каде е противникот. Да ги воочиме грешките од претходните натпревари против овој тим. Ова е добар прилика за мојот тим да учи, да напредува и да биде уште подобар. Натпреварите против Челси, ПСЖ и Ливерпул ќе бидат исти, знаеме дека тоа се најголемите предизвици и мораме да бидеме фокусирани. Сакаме да бидеме што подобри, но ќе биде многу тешко. Премиерлигата од година во година е се посилна. Тука се играчите и тренерите со најголем квалитет. Чест е да се биде дел од ова натпреварување“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...