Пеп: Зошто Јунајтед го сметате за аутсајдер?

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола воочи дерби дуелот против Манчестер јунајтед вели дека неговиот тим не ја прифаќа улогата на фаворит.

„Знаете како. Не сакам да слушам такви работи, сакам да зборувам само за иднината. Тоа кој е фаворит што се случило вчера, завчера, многу ми е гајле. Кога ќе почне натпреварот се игра 11 на 11 и фудбалерите ќе одлучат кој ќе победи. Не знам зошто зборувате дека јунајтед е аутсајдер. Тоа е тим со квалитетни фудбалери“, изјави Гвардиола. 

Сити ги доби претходните два натпревари против јунајтед и доколку успеат да слават на три меча по ред, Гвардиола ќе биде првиот менаџер на „граѓаните“ на кој тоа му успеало против градскиот ривал.

Се вчитува...