Пепе го разбуди Арсенал, триумф и на „волците“

Арсенал рутински славеше на дуелот против Шефилд Јунајтед, триумфирајќи со 2-1 за трета овосезонска победа на „топчиите“ во Премиер-лигата. По здодевното прво полувреме, клучен момент беше влегувањето во игра на Пепе, бидејќи во следните десетина минути Арсенал успеа да стигне до водство од 2-0. Сака го отвори резултатот со прекрасен погодок со глава, на 2-0 зголеми самиот Пепе, а гостите до крајот успеаја само да постигнат почесен погодок, прв гол за нив сезонава во Премиер-лигата.

Вулверхемптон триумфираше на домашен терен против Фулам со 1-0, опоравувајќи се на тој начин од убедливиот пораз од 4-0  од Вест Хем. Нето беше стрелец на единствениот погодок во второто полувреме, а гостите имаат за што да жалат бидејќи Камара пропушти стопроцентна шанса во финишот од мечот.

Се вчитува...