Претседателот на Реал Мадрид, оваа одлука ја оцени како историски ден за фудбалот а во иднина клубовите ќе бидат господари на својата судбина.
„Ја поздравуваме одлуката на судот. Во наредните денови детално ќе го проучуваме опсегот на оваа резолуција. Најважно е што европскиот фудбал веќе нема да биде монопол, а клубовите ќе бидат господари на својата судбина. Победија фудбалот и фановите“ – истакна Перез по одлуката на судот притоа дополнувајќи:
„Пред 70 години направивме огромен чекор со создавањето на Европскиот куп, а сега браниме еден модерен проект компитабилен со државните натпревари. Ова го правиме заради почитување на финансискиот фер-плеј. Мадрид ќе продолжи да работи за доброто на фудбалот. Ќе ги заштитиме играчите и ќе ги заинтересираме навивачите. Знаевме дека нема да е лесно да се стави крај на монополот, но сега ќе работиме без закани. Од денеска иднината е во рацете на клубовите, играчите и нивните навивачи. Ова е голем ден за историјата на фудбалот и спортот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА