Перез ја одреди „жртвата“ за трансфер на Килијан Мбапе

Килијан Мбапе се очекува престојното лето да го реализира долгоочекуваниот трансфер во Реал Мадрид. Договорот на францускиот репрезентативец со ПСЖ истекува, а овој пат еден од најдобрите фудбалери на денешницата веќе му соопшти на францускиот првак дека нема намера да ја продолжи соработката.

Преминот на 25-годишникот во Реал Мадрид се очекува да биде кобно по некој од фудбалерите, а според шпанските медиуми „жртвата“ ќе ја снеси Родриго.

Младиот Бразилец ќе ја загуби минутажата, а со цел да нема незадоволен играч во соблекувалната претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе дозволи негово заминување. Агентот на Родриго и Перез веќе се сретнале и разговарале за „зелено светло“ за трансфер, но истиот нема да биде помал од 120 милиони евра.

За услугите на 23-годишникот кој оваа сезона настапи на 40 натпревари во сите конкуренции, а постигна 13 погодоци и запиша осум асистенции се заинтересирани повеќе европски гиганти меѓу кои и ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси.

Се вчитува...