Перез ќе биде бесен: Реал Мадрид оштетен, голот на Де Брујне е нерегуларен (ВИДЕО)

Веднаш по вчерашниот натпревар во Мадрид, помеѓу Реал и Манчестер Сити, се појави видео доказ кој покажува дека голот на „граѓаните“ требаше да биде поништен, односно истиот е нерегуларен.

Реагираа играчите и стручниот штаб на Реал Мадрид, но залудно. Тие сметаа дека топката излезе во аут пред голот, но португалскиот судија Диаш не сметаше така. Играта продолжи, Камавинга ја загуби топката, па Гундоган асистираше до Де Брујне за 1:1.

Сепак, после завршувањето на натпреварот се појави доказ дека Реал Мадрид е оштетен и дека топката ја минала аут линијата, што може да се види и на графичкиот приказ.

Ова сигурно нема да го израдува и претседателот Флорентино Перез, кој и онака не е во добри односи со УЕФА поради формирањето на Супер-Лигата.

Се вчитува...