Перез: Левандовски, Мбапе и Погба се „невозможна мисија“

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез вели дека во летниот преоден рок невозможна мисија било на „Сантијаго Бернабе“ да ги доведат Пол Погба, Килијан Мбапе и Роберт Левандовски.

„Постојат фудбалери кои не можете да ги купите бидејќи нивните клубови не сакаат да ги продадат. Таков случај имавме со Левандовски, кого го посакуваме со години, но не сакаа да ни го продадат. Тој нема откупна клаузула и не постои начин да го купиме, ако клубот не сака да го продаде. Сличен е и случајот Погба. Не постоеше начин да го купиме. Кога ќе биде на продожба ние ќе тргнеме по неговиот потпис. Мене како фудбалер многу ми се допаѓа и Килијан Мбапе. И по него ќе тргнеме, но повторно е истио проблем што го кажав, едноставно не е на продажба“, изјави Перез. 

Најзвучно засилување на Реал Мадрид во последниот преоден рок беше Еден Азар, кој за сума од 100 милиони пристигна од Челси.

Се вчитува...