Перез одбра кој е трансферот на векот во Реал Мадрид… И не е Кристијано Роналдо

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој низ својот мандат направи многу врвни трансфери, само еден го нарече „трансфер на векот“. И кога сите мислеа дека е Кристијано Роналдо, или можеби Серхио Рамос, тој зборуваше за Тони Крос.

Германецот во 2014 година стигна во таборот на Реал Мадрид, и тогаш потпиша шестгодишен договор. Тој го стави потписот после одличните настапи на СП 2014 година, кое го освои.

31-годишниот Крос стана неизоставен дел од тимот на „кралевите“, а има за Реал одиграно 330 натпревари.

Агентот на Крос, Волке Струт кажа дека претседателот Перез гледа на Крос како едно од најголемите потписи во својот мандат.

„Тој е неверојатна личност со одлична животна приказна. Тој е голем сопственик, но останува човек. Ми кажа дека Крос му е најголем трансфер на столетието“, рече Струт.

Се вчитува...