Перез повторно „аут“ – Вториот контролен тест за Ковид-19 позитивен

Мексиканскиот возач Серхио Перез нема да настапи и на втората трка во Силверстоун во Формула 1 шампионатот откако вториот контролен тест за Ковид-19 се покажа како позитивен.

Перез беше првиот позитивен возач во Ф1 на коронавирус, откако доби позитивни резултати минатиот четврток. Тој се заразил во Мексико каде замина да ја посети неговата болна мајка. Негова замена повторно ќе биде Германецот Нико Хулкенберг, кој уште еднаш покажа дека е навистина малер, бидејќи на неколку минути пред трката неговиот болид се расипа и тој мораше да се откаже. Германецот во квалификациите беше 13-ти што му овозможуваше и борба за бодови, но до таа можност не успеа да дојде.

Се вчитува...