Реал Марид и Килијан Мбапе ќе бидат топ тема во светот на фудбалот и на почетокот на 2024 година. Според шпанските медиуми времето за позитивен одговор на Фрнцузинот на последната понуда на „кралскиот“ клуб од ден во ден е се помало, а и покрај тоа што Шпанците сакаат да го имаат 24-годишникот во своите редови, овој пат не по секоја цена.
Големо влијание за промена на ситуацијата има Џуд Белингхам, летното засилување кое се покажа како полн погодок за Реал Мадрид. Англичанецот блеска на „Сантијаго Бернабеу“, а неговите одлични настапи имаат и позитивно влијание и на нападот предводен од Винисиус и Родриго.
Очекувањата се големи и за новиот фудбалер Ендрик чие деби се очекува на почетокот на новата година, а и доколку младиот Бразилец не го исполни целиот потенцијал план „Б“ за Реал Мадрид е ангажман на Ерлинг Халанд, Норвежанецот кој продолжи со фантастичните партии и по преминот во Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА